23-годишна обожавателка на Тејлор Свифт почина на концертот на пејачката на турнејата Ерас во Рио де Жанеиро вчеравечер, се вели во соопштението на организаторите на шоуто во Бразил.
Свифт рече дека е уништена од смртта.
„Не ми се верува дека ги пишувам овие зборови, но со скршено срце велам дека изгубивме обожавателка вечерва пред моето шоу“, напиша Свифт на Инстаграм.
„Имам многу малку информации освен фактот дека таа беше толку неверојатно убава и премногу млада“, рече Свифт на Инстаграм.
Time4Fun, организаторот на концертот, ја идентификуваше обожавателката како Ана Клара Беневидес Мачадо.
„Синоќа, Ана Клара се чувствуваше лошо и и веднаш реагираше тимот на пожарникари и болничари, а беше пренесена во медицинскиот центар на стадионот Нилтон Сантос за протокол за прва помош“, се вели во соопштението на организаторот објавено на Инстаграм. „Со оглед на ситуацијата, медицинскиот тим избра да ја префрли во болницата Салгадо Фиљо, каде по речиси еден час обиди за реанимација, таа за жал почина. На семејството и пријателите на Ана Клара Беневидес Мачадо, нашето искрено сочувство.
Иако причината за смртта на Мачадо не е објавена, на видеата на социјалните мрежи од настапот се гледа дека Свифт вели дека на луѓето им треба вода, а во еден момент таа фрлила шише со вода на некој од толпата.
taylor stopped for a little bit to give someone water omggg she’s so 😭🫶 pic.twitter.com/BPxgXvjQZb
— phoebe ⸆⸉ (@taylorslavender) November 17, 2023


