(Галерија)Новогодишната бајка на Крива Паланка

На фотографиите кои се објавени од општина Крива Паланка се гледа дека градот го добива епитетот светско а задоволните кривопаланчани горди дека живеат во најубаво украсениот град за новогодишните празници во државава.

-Оваа година одлучивме да го накитиме целиот град, не само плоштадот. Дел од украсите се веќе постоечки, но секако купивме и нови за да можеме да го украсиме цел град. Има куќички, за чие изнајмување веќе е објавен оглас, деновиве ќе почне и новогодишниот базар. Две години градот го красевме со донации, а  оваа година новогодишното украсување е само со средства од  општината. Издвоивме милион ипол денари од буџет на општина, посочи градоначалникот Митовски.

Навечер е како во бајка, раскошно украсен Градски плоштад, Градски парк и централно подрачје, со несекојдневни новогодишни украси, а на овие убавини освен најмладите кои најмногу се радуваат, секоја вечер новогодишната магија ги привлекува и повозрасните жители на градот но и пошироко.

„Новогодишните празници, се празници на хармонија и обединување. Да се обединиме без разлика на партиска,верска,етничка припадност. Само така ќе пратиме порака на љубов и покана до сите, да ни бидат гости во Крива Паланка, објави вечерва на социјалните мрежи градоначалникот Сашко Митовски.

Пред две години градот стана препознатлив како еден од најубаво украсените во државата, па дури и жителите на главниот град го посочуваа како пример, како треба една општина да се ангажира околу организацијата на предновогодишниот амбиент.

Најчитани вести