Во Скопје уапсени повеќе лица за економски криминал, акцијата во тек

Голема полициска акција во моментов се одвива на подрачјето на Скопје.

Се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал. И специјалците се на терен, а како што дознаваме веќе уапсени се десетина лица.

МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.

Најчитани вести