Скоро кај секој од нас практика е да се остава чаша вода на масичката покрај креветот зашто ако во текот на ноќта почувствувате потреба за вода, таа веднаш ви е на дофат на рака. Но, се отвора прашаето дали и колку оваа вода која стоела цела ноќ е добра за пиење.
Бидејќи стаклото е чувствително на прав и инсекти тие лесно можат да навлезат во чашата која е непокриена, па верувам дека многумина од вас нема да бидат многу среќни ако во чашата вода која отстојала преку ноќ влегол инсект.
Исто така сигурно имате забележано дека вкусот на водата во чашата која стоела преку ноќ е поинаков, причина е што гасовите во воздухот вклучувајќи го и јаглерод диоксидот се раствораат во водата. Па јаглеродниот диоксид се претвора во јаглеродна киселина и водата добива горчлив вкус.
Во устата имаме околу 700 видови на микроби, па кога ќе се напиете од чашата, ќе дојде до мешање на водата со бактериите од устата и тие се враќаат во неа.
Сега се прашувате колку е навистина лошо да ја пиете водата што стоела преку ноќ?
Иако генерално го менува вкусот, водата за пиење не ја менува својата безбедност и не постои можност да се разболите, велат лекарите.


