Полициски службеници на подрачјето на Бит Пазар денеска лишиле од слобода скопјанец откако на неговата импровизирана тезга била пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

– Денеска околу 14:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Р.(33) од Скопје. При контрола на негова импровизирана тезга била пронајдена и одземена поголема количина разновидни пиротехнички средства, соопштуват поладнево од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против него ќе поднесе пријава по член 396 од Кривичниот законик.
МИА


