При претрес во струмичко, пронајдена е дрога и приведени се две лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ги лишиле од слобода И.Г. (41) и Т.Г. (41) од село Просениково, струмичко, бидејќи при претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Како што информира денеска МВР, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести