Одземени 3.000 пиротехнички средства во Виница

Полициски службеници од ОВР Виница вчера го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница, соопштија денеска од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства.

– Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести