Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, едно лице лишено од слобода

 Полициски службеници од ОВР Ресен и вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен вчера го привеле Н.К.(44) од Ресен, затоа што при контрола на негов имот во село Прелубје, ресенско, во 14:40 часот биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и печат, информираат од МВР.

Дрвата биле одземени и предадени на ЈП „Национални Шуми“ – Ресен, а по целосно документирање на случајот, против Н.К. ќе следува соодветна пријава.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести