Пејачката со години фантазирала да држи свое дете во раце и сонот конечно се остварил, а нејзиниот син се родил во клиника во Лос Анџелес. Како што открива Шерифовиќ, процесот траел долго.
– Ух… Па, мојот процес на донесување одлука траеше долго. Но, кога првпат пресеков и реков тоа е тоа, веднаш се друго си одеше само по себе… Има голема помош и од Оној одозгора – вели Марија Шерифовиќ и додава:
– Потребно е да се информирате, да ги соберете околу вас вистинските луѓе, чесни и професионални. Без да сакаме да поедноставиме, бидејќи постапката е напорна и емотивно и административно, сепак не е невозможна. Пред се, важно е законски да регулирате се на време. Потоа следува медицинскиот дел, терапии, екстракција на јајце клетки, нивно пренесување, па добра агенција која ги застапува правата на сурогат мајките и лекар кој ја следи бременоста. Долг пат, но кога има голема желба, секогаш постои пат. Огромна желба да ја подарам некому сета оваа љубов што ја имам… Безрезервно… Тоа е на прво место – изјавила пејачката.
Многумина се интересираат кој е татко на детето на Марија Шерифовиќ, но таа не сака да открие.
– Поради договорот за приватност не можам да ги споделам сите информации, но она што можам да го кажам е дека кога ќе дојде време, Марио ќе знае се за тоа – вели Марија и открива дека во документите таа е наведена како единствен родител.
– Само така. Јас сум негова биолошка мајка и во документите сум заведена како единствен родител – рече Шерифовиќ, која ги појасни сомнежите и посочи дека во генетска смисла таа е мајка на Марио, а законот на Република Србија ја признава како мајка.
извор: dodajprodaj.com


