Еве што се случува во телото кога се смееме:
Опаѓа нивото на стрес хормоните
Од смеењето се ослободува ендорфин, хормонот на среќата, додека во исто време се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот. Затоа кога сте нервозни, изгубени, дезориентирани и под притисок и не ви се допаѓа ништо – насмејте се.
Смеењето ги зајакнува стомачните мускули
Смеењето ги затегнува и собира стомачните мускули и ги зајакнува. Смеењето го подобрува вашето расположение, но и перформансите во теретана – го зголемува вашиот праг на болка и можете да вежбате со поголем интензитет.
Ги зајакнува меѓучовечките односи
Ако често сте весели, сакате да се шегувате и успешно да ги насмеете сите околу вас, тогаш веројатно имате прилично голем круг на луѓе на кои им се допаѓа вашето присуство и генерално имате добри и позитивни односи со сите.
Смеата ги отстранува менталните блокади
Кога не можете да запомните нешто, престанете да се обидувате и почнете да се смеете. Терапевтското смеење ќе го „проветри“ мозокот, па ќе се сетите.
Ако сакате да запомните некој момент, ментално поврзете го со смеа – додека го изложувате умот на содржината што сакате да ја запомнете, смејте се.
Тоа не е многу разработена техника на смеење додека учите, но може да биде интересен експеримент. Хумористичниот пристап кон работите ја намалува анксиозноста и овозможува подобра концентрација и учење.
Го намалува крвниот притисок
На почеток, налетот на смеење го зголемува крвниот притисок, но како што интензитетот на смеата се зголемува и продолжува, притисокот полека се намалува и се стабилизира.
Го зајакнува имунитетот
Продолжете со мултивитамините и чаевите, но не занемарувајте ја смеата – тоа е важен фактор за зајакнување на имунитетот. Кикотењето го зголемува бројот на антитела кои се борат против инфекции во телото.


