Село Сар Ага Сеид во Иран, без училиште, нема вода од чешма, нема болница

Според пописот од 2016 година имало 1.698 жители во 380 куќи. Сар Ага Сеид старо неколку векови се наоѓа во планинскиот венец Загрос. Културата на оваа мала заедница е недопрена и го одржува своето традиционално наследство долги години.

Ова село е многу ретко посетено од странци, бидејќи се потребни околу 40 до 50 километри возење без пат. Дури и локалните камиони за ѓубре не доаѓаат овде.

Селото се карактеризира со необична архитектура. Куќите, поврзани една со друга, се вградени во планината. Покривите на еден ред куќи служат како дворови и улици за куќите во редот над нив. Повеќето куќи немаат прозорци и само една врата.

Од сите модерни содржини, ова село има само струја. Нема училиште, нема вода од чешма, нема болница и нема добар прием на сигнал на мобилен телефон. Локалните жители живеат од земјоделство, одгледување овци и говеда и ископ на сол. Жените покрај секојдневните работи, денот го поминуваат во собирање дрва за готвење и греење, ткаење теписи и таписерии и правејќи домашни изработки. Сите се облекуваат во традиционална бахтијарска облека и зборуваат на бахтијарски дијалект.

Најчитани вести