„Бев на небото и видов многу ѕвезди, но ти си најубава од сите!“, зборовите кои Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената, и ги упати на познатата актерка Џина Лолобриџида кога се сретнаа во Москва во 1961 година.
На денешен ден во 2023 година, на 96-годишна возраст, почина италијанската дива Џина Лолобриџида, некогаш најубавата жена на светот. Лолобриџида во моментот на нејзината смрт „тежела“ 45 милиони долари , според Celebrity Net Worth. Актерката беше во брак со словенечкиот лекар Милко Шкофиќ од 1949 до 1971 година. Тие заедно добија едно дете за време на нивниот брак, синот Андреа.
Лолобриџида, која со децении го претставуваше италијанскиот стереотип за медитеранска убавица, речиси целиот свој живот била мета на вљубени додворувачи, но и на измамници кои сакале да го искористат нејзиното име и богатство стекнато во времето на нејзината најголема слава, пишува „Глоси“.


