Овие 10 техники се сосема природни, не можат да ви наштетат, а освен среќа ќе ви донесат и добро здравје и убав изглед. Допаминот е еден од најважните хормони, кој е одговорен за тоа дали се чувствуваме добро или не. Кога нивото на допамин е ниско, се чувствуваме тажни и под стрес, и обратно, кога допаминот е висок, ние сме добро расположени и среќни.
Вежбање
Секоја физичка активност го стимулира ослободувањето на ендорфин, допамин и серотонин (хормон на среќата). Редовното вежбање може да ви помогне да се ослободите од стресот, фрустрацијата и хроничниот замор, само тоа мора да биде активност во која навистина уживате.
Детоксикација
Насобраните бактерии и токсини во телото го ослабуваат имунитетот и го намалуваат производството на допамин. Затоа потрудете се редовно да го чистите телото – ќе бидете поздрави и ќе се чувствувате многу подобро.
Избегнувајте зависност
Шопинг, цигари, кафе, алкохол и дрога прават да се чувствуваме добро, но ефектот е многу краток. Овие навики по некое време можат да ви донесат сериозни проблеми, па наместо во нив, уживајте во некои други ситници.
Слушајте музика
ден од наједноставните начини да почнете да се чувствувате добро веднаш и вашето тело да почне да произведува добри хормони е да ја слушате вашата омилена музика. Само неколку минути слушање на вашите омилени композиции го враќа доброто расположение и оптимизмот.
Почесто гледајте се со вашите пријатели
Еден од најлесните начини да го зголемите нивото на допамин е почесто да се дружите со пријателите и семејството. Дури и ако сте интровертна личност по природа, средбата и разговорот со саканата личност ќе направи голема разлика.
Бидете креативни
Креативните активности значително го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Ова не значи дека треба да станете светски познат сликар – обидете се да направите некои украси, празниците да поминат според планираното, згответе нешто, сменете го распоредот на мебелот во станот… Сето ова ќе направи да се чувствувате одлично !
Подигнете го тирозинот
Тирозин е една од најважните хемиски супстанци во човечкото тело, која се користи за синтеза на допамин. За да го подигнете нивото на тирозин, јадете храна богата со оваа супстанца, а попатно ќе се ослободите од стресот и ќе бидете многу подобро расположени. Одлични извори на тирозин се бадемите, авокадото, бананите, лубеницата, зелениот чај и темното чоколадо.
Медитирајте или молете се
Научно е докажано дека медитацијата и молитвата го зголемуваат нивото на допамин на сосема поинаков начин од физичката активност. Кога сте целосно опуштени, телото ослободува повеќе ментална енергија, што значително влијае на производството на хормоните на среќата.
Направете листа на приоритети
Поставувањето цели на дневна основа, со запишување на хартија и ставање на видно место, е одличен метод за подобро расположение, но и за да не заборавите ништо. Кога ќе направите нешто од таа листа, пречкртајте ја задачата и ќе видите како вашето расположение вртоглаво ќе порасне, особено ако сте завршиле некоја важна и тешка работа, пишува BrightSide.
Спијте доволно
Кога спиеме, нашето тело почнува да произведува хормони и супстанции кои можат да го подигнат нивото на допамин. Освен тоа, мирниот и доволно долг сон е посебен вид среќа сам по себе!
извор: prirodnipripravci.com


