Кејт Мидлтон во болница поради операција на абдомен: Ги откажа сите јавни ангажмани

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам, заврши во болница во Лондон поради операција на абдомен. На официјалниот инстаграм-профил на парот објавено е соопштение за нејзината здравствена состојба.

Имено, операцијата на абдомен била успешно завршена, а како што пишува во соопштението Кејт ќе остане во болница од 10 до 14 дена. Принцезата ѝ се извини на јавноста што мора да ги откаже јавните ангажмани.

„Принцезата од Велс, вчера заврши во болница поради планирана операција на абдоменот. Сè помина добро и се очекува таа да остане во болница 10 до 14 дена пред да биде пуштена на домашна нега. Според досегашните консултации, тешко е да се очекува дека ќе ѝ се обрати на јавноста пред Велигден“, пишува во дел од соопштението.

Исто така, во соопштението пишува дека принцезата сака нејзините здравствени проблеми да останат приватни.

„Принцезата им се извинува на сите кои се загрижени поради тоа што мора да ги одложи идните обврски“, пишува во соопштението.

Во коментарите на оваа објава, голем број обожаватели ѝ посакаа на принцезата Кејт брзо закрепнување.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести