Индиец за роденден си подарил кошула од 22-каратно злато

Индиски бизнисмен купил кошула од чисто злато за 127.000 фунти. Ексцентричниот текстилен тајкун Panlaj Parah си подари скапа кошула за својот 45-ти роденден, пишува „Индипендент“.

Облеката е ткаена од златни нишки со чистота од 18 до 22 карати. Бизнисменот во кошула бил придружуван од безбедносен тим за време на неговото појавување во градот Јела, во близина на Мумбај.

20 уметници вложиле 3.200 часа работа во изработка на луксузната кошула тешка 4 килограми.

– „Никогаш не излегувам без 2-3 килограми златен накит на мене. На мојата свадба пред 23 години, многу луѓе мислеа дека е срамота да носам повеќе злато од мојата сопруга“, вели бизнисменот.

Кошулата има постава од тенка ткаенина и се пере и суши во машина.

Panlaj Parah ќе ја носи кошулата за неговиот 45-ти роденден.

Најчитани вести