Дали знаевте дека пеперутките ги пијат солзите од желката?

Во западниот дел на амазонската прашума често можете да видите необична глетка – многу пеперутки слетуваат на главите на речните желки. Причината зошто пеперутките сакаат да одмараат токму на тоа место е уште понеобична! Имено, ги пијат солзите на желките!

Фил Торес од Универзитетот Рајс во Хјустон вели дека пеперутките ги привлекуваат желкините солзи кои содржат сол, т.е. натриум, кој им недостига во исхраната, бидејќи овој минерал ретко се наоѓа во прашумите на Амазон.

Желките добиваат сол од месото што го јадат, додека тревопасните животни се соочуваат со недостиг на натриум и многу други хранливи минерали.

Најчитани вести