Фредерик е во сопственост на фармата Pinnacle Friesians во планината Озарк во САД. Овој нежен џин, како што го опишуваат неговите сопственици, се смета за најфотогеничниот коњ на светот. Фризиските коњи се препознатливи по нивниот величествен изглед, ценети по нивната сила, разноврсност и елеганција. Историјата на расата датира од 13 век, а по потекло се од Холандија.

Иако изгледаат големи немојте да се измамите, овие коњи се изненадувачки брзи и грациозни.
Постои верување дека за време на средниот век во Европа, предците на оваа благородна раса биле многу барани како воени коњи заради нивната способност да носат витези во оклоп.

И покрај нивната популарност во средниот век, оваа раса всушност речиси и да исчезна, но за среќа во последно време Фризискиот коњ се сретнува се почесто.


