Организаторите на најголемата ромска прослава во Европа, која се одржа во Скопје, го одврзаа кесето и за настапот ги ангажираа најпопуларните изведувачи во регионот. информира српски Информер.
Според извор близок на Информер.рс, фолк дивата земала неверојатни 50.000, додека нејзината помлада колешка заработила 35.000 евра. На балот, каде вообичаено се собираат најбогатите Роми, овие две пејачки направија вистински спектакл и ја запалија атмосферата изведувајќи ги своите најголеми хитови.
За Цеца и Теа беше организирано и посебно обезбедување, а публиката немаше можност да има поблизок контакт со нив.
Освен Теа и Ражнатовиќ, гостите ги забавуваше и денс групата Ѓогани, која стана побогата за 6.000, како и поранешната учесничка во реалното шоу, Сара Рељиќ, која си замина дома со добивка од 4.000 евра.


