Здравствените придобивки на доматите се добро познати, а неодамнешните истражувања не само што ги потврдуваат, туку откриваат и нови.
Еден од најголемите квалитети на доматот е неговата висока содржина на вода (дури 94 проценти). Во текот на зимските месеци, помалку се грижиме за внесот на течности, а тоа може да резултира со бројни здравствени проблеми.
Еве зошто треба да јадете домати:
Една мала порција домати обезбедува околу 27 посто од дневната препорачана вредност на витамин Ц. Витаминот Ц ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем и ја подобрува и апсорпцијата на железото, бидејќи внесеното железо нема да се задржи во телото без витамин Ц и фолна киселина.
Иако истражувањата во оваа област се уште се во рана фаза, експериментите открија дека доматот како додаток во исхраната значително ја зголемува разновидноста и богатството на цревната микробиота кај лабораториските животни. Здравиот, разновиден микробиом е поврзан со бројни здравствени придобивки, вклучувајќи стабилен имунитет и спречување на бројни болести, вклучително и малигни заболувања.
Високата потрошувачка на домати е поврзана со помал ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од коронарна болест на срцето. Една неодамнешна студија покажа дека сосот од домати во комбинација со маслиново масло има позитивен ефект врз нивото на холестерол и биомаекерите на воспалението.


