Знаеме дека квалитетот на сонот може да го наруши тешката храна, алкохолот, користењето мобилни телефони и гледањето телевизија во спалната соба. Но, психијатарот Честер Ву тврди дека постои една грешка којашто многу луѓе ја прават кога ќе се разбудат, британски „Дејли стар“.
Тој истакнува дека никогаш не лежи во кревет, освен ако не се работи за активности поврзани со спиење и интимност. Со неговото мислење се согласува и неврологот Челзи Роршаибe.
Таа вели дека штом се разбуди, станува од креветот.
– На тој начин мојот мозок сфаќа дека спалната соба е само место за одмор, што промовира квалитетен сон – објаснува Роршаибе.
Експертот за спиење Карлера Вајс ги објаснила лошите страни на лежењето во кревет по будењето.
– Редовното време на будење му помага на биолошкиот часовник да ги регулира физиолошките функции, а не само сонот. Спиењето во текот на викендот води до социјален „џет лег“ и предизвикува тешкотии во концентрацијата, замор, раздразливост и главоболки – тврди тој.
Д-р Раџ Дасгупта вели дека малку е веројатно дека опуштањето ќе има долгорочен ефект врз севкупниот квалитет на сонот, но истакнува дека е важно да се има редовен распоред за спиење.
– Одржувањето доследен распоред за спиење, каде што се будите и одите во кревет во исто време секој ден, е навистина важно за да обезбедите квалитетен сон – посочува тој.
извор: slobodenpecat.mk


