Прво огласување на Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: Ве молам разберете ме

Како бомба одекна веста за разводот на познатиот естраден пар, пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, за која прв пишуваше Pink.rs. Имено, како што дознаваме од извор близок до семејството Џиновиќ, Харис се иселил од вилата во Сењак каде Мелина престојувала со своите деца, синот Кан и ќерката Џина. Го контактиравме и Харис во врска со веста за разводот.

– Ве молам разберете ме… Не можам сега да ви давам изјави – изјавил Харис за Pink.rs.

Да потсетиме, во врска со веста за развод ја контактиравме и Мелина која рече:

– Разберете ме, не би зборувала на таа тема. Ви благодариме на повикот, порачала Мелина за Pink.rs.

Инаку, љубовната приказна на популарниот пејач и познатата модна дизајнерка започна во 2002 година, кога Мелина беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореле, иако не сакаа да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.

Како што признала години подоцна, Мелина без многу размислување започнала врска со Харис. Двајцата се венчаа по 12 години заеднички живот, а на вечна љубов се зарекоа во 2014 година на луксузна јахта, закотвена во близина на Дубровник.

Најчитани вести