Клаудија Шифер се појави со мачорот на црвениот тепих: Тој е ѕвезда!

Германската манекенка Клаудија Шифер (53) го украде целото внимание на премиерата на филмот „Аргил“ (Argylle) во Лондон. Имено, Клаудија со себе ја зела мачката Чип, која ја носела во ранец.

Манекенката пристигна во жолта комбинација, а на грбот имаше жолто-кафеав пластичен ранец со мачката Чип внатре, која ѕиркаше низ пластичното прозорче на ранецот.

Мачорот Чип на премиерата не беше случајно, тој е ѕвезда на филмот „Аргил“. Миленичето има и свој профил на Инстаграм, кој го следат 14.000 корисници.

Инаку филмот е за повлечената авторка на серија најпродавани шпионски романи, чија идеја за блаженство е ноќ дома со нејзиниот компјутер и нејзината мачка Алфи. Заплетот станува комплициран кога реалноста и фикцијата се мешаат и авторот треба да тргне во вистинска шпионска мисија.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести