Ќерката на Харис и Мелина,Џина се расплака во јавност, не може повеќе

Сите беа изненадени од веста дека Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат. Еден од нашите најпознати парови реши да стави крај на бракот и да се разведе по 22 години.

Нивната ќерка Џина Џиновиќ е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, како и на Тикток, со една своја објава расплака многу луѓе, а се расплака и самата. Таа на Инстаграм објавила своја фотографија како плаче и ја објаснила причината. Имено, таа низ солзи им се пожали на своите следбеници дека содржините кои се наоѓаат на социјалната мрежа TikTok ги разбира премногу емотивно.

По оваа објава таа објави емотивно видео од татко и ќерка низ различни животни фази, а потоа напиша:

– Во суштина, за оние кои не разбраа, тој цел живот и се извинуваше на ќерката што не е млад како другите татковци и умре извинувајќи се – објави таа.

– Харис веќе се иселил од нивната вила во Сењак, а Мелина останала таму со децата. Процесот на развод е во тек, а подоцна ќе се утврдува како ќе се распредели имотот меѓу нив, објави Скандал.рс.

Најчитани вести