Премногу чичко ми а премалку музика! Ќерката на Џеј Рамадановски изнесе забелешки на сметка на филмот за неговиот живот

Марија Рамадановска, ќерката на починатиот пејач Џеј Рамадановски, во своето последно интервју ги сподели своите впечатоци од филмот „Недеља“, снимен според биографијата на нејзиниот татко.

– Филмот го видов на премиерата и можам да кажам дека сум задоволна од она што го видов. Бев среќна и тажна во исто време што гледав филм за него. Актерите беа одлични, би ги пофалила сите. Татко ми имаше многу бурен и разновиден живот, па да траеше филмот и пет часа, немаше да може да се прикаже неговиот живот во целост – изјави Марија за „Премиера викенд специјал“ а пренесува Пулсонлајн.рс.

– Што се однесува до мојот впечаток, можеби недостига повеќе музика… можеби го имаше премногу чичко ми Џамба, но тој морал емотивно да се поврзе за некого. Што се однесува до сцените, тие се реално прикажани. Не можам да кажам дека беше деградиран или лошо прикажан. Горда сум, задоволна и мислам дека сето ова го заслужи и дека би му било мило да има филм за себе! – смета Марија.

Најчитани вести