Моника Белучи за неколку секунди докажа зошто е меѓу најубавите, најхаризматичните, најелегантните и најсексапилните жени на светот. Познатата природна убавица Моника Белучи уште еднаш го увери светот дека ќе биде тешко некоја друга да го заземе нејзиното место, бидејќи и на 60 години успева да остави без здив и да маѓепса со својата убавина и грациозност.
Италијанската филмска дива го привлече вниманието на неодамна завршената Модна недела во Париз, а беше и меѓу гостите на церемонијата „Diner De La Mode“ со која беше затворена престижната модна манифестација. Нејзиното модно издание масовно се коментира на социјалните мрежи, а видеото кое познатата убавица го објави на својот профил на Инстаграм навистина остава без зборови.
Моника носи елегантен црн фустан кој ги истакнува нејзините атрибути и чевли со високи потпетици, а многумина беа воодушевени од фризурата, за која беше заслужен познатиот фризер Џон Нолет, со кој се појави во јавноста на овој настан, заедно со нејзиниот емотивен партнер Тим Бартон, пишува српски Информер.


