Ханка Палдум, потресена по веста дека починала, објави: „Тажно и мизерно, жива сум и здрава“

По тој повод Ханка се огласи за домашните медиуми.

– Драги мои пријатели, медиумите по којзнае кој пат напишаа лага. Жива, здрава, среќна со моите најблиски. Само што ја добивме оваа вест која кружи на социјалните мрежи. Тажно и мизерно. Што да се каже на сето ова? Ве сака вашата Ханка – порача пејачката.

Да потсетиме, пејачката Ханка Палдум зад себе има плодна музичка кариера, а нејзината убавина никого не оставаше рамнодушен, а малкумина знаат дека имала тешка судбина. За нејзините музички почетоци заслужен бил нејзиниот помал брат Смаил, кој и бил голема помош и поддршка да успее на тој пат. Ханка важеше за една од најубавите девојки во Сараево, поради што беше нон-стоп мета на додворувачи додека одеше во средно училиште.

Во 1976 година се омажила за Мурадиф, со кого основала и продукциска куќа.

Иако нејзиниот сопруг ја водеше нејзината кариера на правилен начин, сепак нивниот приватен живот не бил идеален. Затоа решиле да се разведат по 13 години брак.

Најчитани вести