Актерот кој донирал најмногу пари за хуманитарни цели во историјата е Пол Њуман. Тој само до осумдесеттите дал меѓу 150 и 175 милиони, а којзнае колку донирал до крајот на животот. Имал сопствен бренд на прехранбени производи, „Newman’s Own“, кој главно содржел сосови за шпагети и преливи за салати. Со текот на годините, компанијата остварила повеќе од 100 милиони долари профит, а сите пари ги донирала во различни добротворни цели.
Интересно е дека ликот Грин Лантерн е создаден по него кога имал 34 години и дека во 1979 година, на 54 години, бил втор на трката 24 часа Ле Ман, која е најстара трка на спортски автомобили.
Сепак, она што е најфасцинантно за него е тоа што 55 години бил вљубен во една жена, актерката Џоан Вудворд. Точно 50 години беа во брак до неговата смрт, Џоан е сè уште жива. Имаат три ќерки. Тие се вљубиле на снимањето на филмот „Долго топло лето“. Позади себе имал брак кој не траел, бил несреќен и не се чувствувал привлечно иако важел за секс симбол, се додека не ја запознал Џоан. Блесна и во својата професија. И двајцата освоија Оскар.
„Еднаш прашав возач од „Холивуд“ кој му е омилен клиент, а тој веднаш рече: „Пол Њуман беше многу фин. Ме испрашуваше за мојот живот, а со него беше и неговата сопруга Џоан. Човекот имаше 80 години и цело време се бакнуваа со неа. Ќе ја прегрнеше, ќе се бакнуваа и ќе се смееја. Неверојатно!“, изјави младиот актер Ансел Елгорт.
Нивната ќерка Мелиса пронашла на таванот на нивната куќа куп писма кои татко и и ги пишувал на мајка ѝ пред 50 години. Некои од нив ги објавила во своите мемоари. Тие двајца имале дури и своја „љубовна“ колиба.


