Нутриционистите објаснуваат како треба да се однесуваме и колку е паметно да посегнеме по газираните пијалоци и сода бикарбона, кои се популарни при прејадување.
– Ако се прејадеме, не е страшно, во случај да е само тој ден, а следниот ден да јадеме помалку и да продолжиме со нормалната исхрана – велат тие.
Бидејќи газираните пијалоци содржат сода, ни се чини дека го забрзува варењето и дека ни е полесно, но всушност не е така.
-Народски кажано, за желудникот е исто како кога ќе истуриме нешто мрсно и преку тоа ќе истуриме киселината. Таа ќе собере се, но талогот ќе остане. Така всушност овие отрови се депонираат во нашето тело. А токму тоа се случува кога пиете газиран пијалок или сода бикарбона измешана во вода. Мораме да оставиме храната да се вари природно – велат експертите.
Постои и поздрава алтернатива која многу подобро ќе влијае на варењето и на нашиот организам.
-Подобро е да се испие чаша некој горчлив пијалок со билки, бидејќи помага на природен начин побрзо да се разгради храната.


