Ова е тајната на љубовта на Џорџ и Амал Клуни – на едно треба да бидат благодарни

Љубовта на Џорџ и Амал Клуни останува предмет на восхит и по речиси 11 години љубов, па многумина се прашуваат која е тајната на нивната брачна хармонија. Таа успеа да го скроти вечниот ерген и денес многумина и завидуваат на нивниот хармоничен брак, пишува republika.rs.

Експертот за говор на телото Инбал Хонигман, која ги анализирала нивните јавни настапи заедно, проговори за тоа што таа верува дека се крие зад нивната среќа.

– Говорот на телото на Џорџ и Амал Клуни за време на појавувањата на црвениот тепих или јавните настапи остана конзистентен во текот на нивната врска, рече таа и продолжи: „Фактот што секогаш стојат заедно и блиску еден до друг покажува еднаквост во бракот и исклучително пријателство што се манифестира во меѓусебна поддршка и генерално силна врска.

Таа заклучува дека една од тајните на нивната среќа е токму рамноправниот однос и тоа што нема една страна која одлучува и ја прави другата подредена. Експертот забележал уште еден детал – сопружниците на фотографиите често гледаат во различни насоки.

– Овој гест покажува дека си дозволуваат доволно простор за личен развој и задржување на сопствените гледишта, смета таа.

Најчитани вести