Пејачката Катарина Живковиќ има момче и ужива во љубовта, што и самата го потврди тоа.
Пејачката ги откри сите детали од емотивната врска и призна дека конечно го нашла вистинскиот, иако до сега го криеше приватниот живот од медиумите, пишува magazin.novosti.rs
– Јас сум вљубена со години и љубовта ми е возвратена од еден прекрасен човек за кој слободно можам да кажам дека е љубовта на мојот живот, дека ми е поддршка, дека ми е ментор. Научив многу од него и сè уште учам, многу сум среќна што го имам – изјавила пејачката и додала дека нејзиниот маж мора да е интелигентен и дека токму таков нашла.
Катарина се осврна и на својот почеток на естрадата, за кој истакна дека бил тежок, но сега ужива и дека наскоро ќе ја израдува својата публика со нов албум.


