Грипот е најраспространета заразна болест, се шири многу брзо и затоа на ваквите болести секогаш треба да се размислува превентивно.
Редовно мијте ги рацете
Вирусот на грип не се пренесува само преку воздухот кога болните киваат и кашлаат, туку и преку валкани раце. Затоа треба што почесто да ги миете рацете, штом ќе влезете дома или ќе дојдете на работа, како и пред јадење. Кога се поздравувате, избегнувајте ракување и бакнување.
Влажни марамчиња
Влажните марамчиња можат да ви помогнат доколку сте допреле разни предмети, а при рака немате чешма со вода.
Исхрана
Намирници кои треба да се конзумираат овој период се: овошје и сокови, јаболка, портокали, лимони, банани, суво грозје, зеленчук: зелка, кисела зелка, краставици, туршија…
Топли пијалоци
Колку што е можно повеќе чај со малку шеќер или со мед – тој е еден од најдобрите зимски лекови против грип и настинка.
Пилешката супа е стар народен лек како сигурна алатка за превенција и третман на грип.
Избегнувајте контакт со болни луѓе
Ако се сомневате дека вашиот пријател или некој од членовите на неговото семејство е заразен, одложете ја посетата за друг ден.
Избегнување на собири
Доколку има епидемија на грип избегнувајте: полни автобуси, зачадени обложувалници, кина, театри и концерти, бидејќи таму има голема концентрација на здрави и болни луѓе.
Редовен сон
Ако редовно спиете и одмарате, го зајакнувате имунолошкиот систем, така што ќе имате помали шанси да добиете инфекција.
Вакцина
Вакцината за „обичен грип“ е добра и докажано ефикасна вакцина. Обично има доволно од оваа вакцина, така што постарите, хронично болните и ризичните групи треба да се вакцинираат секоја есен.


