Ненеците се необично племе од Русија,живеат на -50°C и јадат сирово месо од ирваси

Едно интересно а за многумина малку необично племе живее во областа помеѓу Белото Море и полуостровот Таимир, сместено на северниот брег на Сибир во Русија. Ненетите, племе кое некои го нарекуваат Самоједи или Јураци, живеат на екстремно ниски температури. Тие живеат во делови на Русија каде температурите се спуштаат до -50 степени Целзиусови.

И покрај немилосрдните услови, овој номадски народ преживеал повеќе од илјада години благодарение на ирвасите од кои добиваат месо (го јадат сирово или варено), а од крзното прават облека. Освен тоа, тие користат кожи од ирваси за да ги покријат своите домови и да се заштитат од студот, а од нивните коски прават садови и делови за санки.

Ненеците јадат и риба, а жените собираат чист снег, кој потоа го загреваат во тенџере и добиената вода ја користат за пиење. Нивни домови се шатори од коски кои обезбедуваат доволно топлина кога се обложени со кожи од ирваси.

Годишно поминуваат две илјади километри и ги селат своите камповите. Во зима, тие се наоѓаат јужно од делтата на реката Об, а потоа се движат кон северот на полуостровот Јамал. Од работа одмараат само еднаш годишно – кога се собираат на трки со санки и дружење.

Интересно е и тоа што Ненеците живеат во темница – од ноември до јануари во најсеверните области сонцето воопшто не изгрева. Културно и јазично, се разликуваат од таканаречените шумски Ненеци и Ненеците од тундрите, кои живеат во посеверните региони, пишува индекс.хр.

Најчитани вести