Тие се смеат дури и во затворени базени, секогаш едната половина од мозокот им одмара

Делфините не можат автоматски да дишат. Ова е причината зошто за време на спиењето едната половина од нивниот мозок е будна, додека другата половина одмара, а потоа другата половина се буди, а првата половина заспива. Делфините поминуваат околу 8 часа дневно во оваа состојба, што им овозможува свесно да го контролираат дишењето и повремено да излегуваат на површина за да земат воздух.

Делфините имаат способност да препознаваат, паметат и решаваат проблеми, што ги прави едни од најинтелигентните суштества на планетата. Делфините можат да бидат среќни, тажни, па дури и лути. Знаат да бидат и лоши и да им се осветат на луѓето.

Тие сметаат дека бременоста е фасцинантен феномен, па затоа со задоволство се собираат околу трудницата.

Регистрирани се бројни случаи на делфини кои си помагаат едни други во неволја. Дури е забележано дека можат да направат сплав од нивните тела за да ги носат болните или повредените. Колку ги сакате овие прекрасни суштества и дали знаете и некои други интересни факти за делфините?

Најчитани вести