Деби Пархерст преживеа благодарение на снаодливоста на нејзиното куче Тоби

Имено, Деби за малку ќе умрела кога парче јаболко и се заглавило во трахеата. Во тоа време, исплашената жена била сама во куќата со своите две кучиња, таа се обидела да го ослободи душникот од парчето јаболко удирајќи се од задниот дел од фотелјата.

Кога на тој начин не успеала, таа во паника почнала да си ги удира градите. Нејзините движења го привлекле вниманието на кучето Тоби кој се нафрлил на неа за да ја собори на подот, а потоа почнало да скока по нејзините гради и по неколку секунди од неа излегло заглавеното парче јаболко.

Штом Деби почнала да дише, Тоби престанал да скока по нејзините гради и почна да и го лиже лицето. Веднаш потоа Деби отишла кај лекар кој открил дека нејзиното здравје е во ред освен модринките во облик на кучешки шепи на градите.

Деби верува дека Тоби го направил тоа за да и се заблагодари бидејќи таа и нејзиниот сопруг го спасиле од сигурна смрт земајќи го од градското прифатилиште за кучиња скитници.

Најчитани вести