Полицијата во Индија ослободи гулаб обвинет дека е кинески шпион и го врати назад во природата. Птицата беше уапсена од полицајци откако беше заробена во мај минатата година во близина на пристаништето во Мумбаи, објави новинската агенција Прес Траст оф Индија.
Бил пронајден со два прстени врзани за неговите стапала со зборови кои изгледале како кинески. Детективите се посомневале дека гулабот бил вклучен во шпионажа и го фатиле, за подоцна да го испратат во болницата за животни Баи Сакарбаи Диншоу Петит во Мумбај.
Меѓутоа, по осум месеци во заробеништво, се докажало дека гулабот бил птица за трки на отворено од Тајван, која побегнала и долетала во Индија. Полицијата потоа одобри префрлање на птицата во Друштвото за спречување на суровост кон животните, каде што лекарите ја ослободија лажно обвинетата птица.
Гулабите се користеле во шпионирање и борби низ историјата, вклучително и од британските сили во Првата и Втората светска војна за пренесување пораки. Во 2016 година, уште еден гулаб беше уапсен откако наводно беше пронајдена порака со закана до индискиот премиер Нарендра Моди.


