Принцот Вилијам во друштво на Том Круз на хуманитарна гала

Принцот Вилијам синоќа ѝ се обрати на јавноста во врска со дијагнозата на кралот Чарлс на свечената гала вечер за поддршка на добротворната организација на лондонската воздушна амбуланта. Тој на присутните им кажа дека е благодарен за поддршката од јавноста.

„Навистина ја цениме љубезноста на сите, ви благодариме“, рекол Вилијам во својот говор.

„Исто така, треба да ја искористам оваа прилика да го спомнам мојот – наш – колега пилот, Том Круз. Том, огромна благодарност што нè поддржуваш вечерва“, додал принцот.

На свечената гала присуствуваше и холивудската ѕвезда Том Круз, со оглед дека актерот долги години ја поддржува оваа добротворна организација.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести