Јелена Розга призна зошто ја напушти групата Магазин: Добила само едно барање од Хуљиќ

Јелена Розга беше вистинско освежување на јавната сцена кога стана дел од бендот Магазин по заминувањето на Данијела Мартиновиќ. Посебно интересна е приказната како Тончи Хуљиќ се одлучил за неа.

Пред да го освои целиот Балкан и да почне да ги полни арените низ регионот, се вљубивме во Јелена Розга како женски вокал на групата Магазин. Јелена стана дел од оваа хрватска поп група кон крајот на деведесеттите, а на почетокот се случи големиот хит „Гинем“.

Јелена ја започна својата соло кариера во 2006 година, а за напуштањето на групата Магазин во едно интервју изјави:

– Веќе не бев среќна. Сакав да го напуштам Магазин уште во 2004 година, но Тончи рече: „Ајде да снимиме уште еден албум“. Така се роди мојот најголем хит „Не тиче ме се“. Научив многу од Магазин – изјави Розга.

Најчитани вести