Денот на вљубените се слави ширум светот на 14 февруари. Иако не се знае точно зошто овој датум стана ден посветен на љубовта, постојат неколку претпоставки, пишува Србија данас.
Сè што не сте знаеле за овој празник дознајте во продолжение. Ви донесуваме 15 интересни факти за овој ден.
Свети Трифун – додека православната црква го слави Свети Трифун на 14 февруари, римокатолиците го слават Свети Валентин. Свети Трифун бил Христов следбеник, кој живеел во III век по Христа. Според легендата, царот на Дакија го убил во 250 година. На денот на неговата смрт се слави Свети Трифун, слава на лозарите а се верува дека овој светител ја чува лозата.

Свети Валентин – На 14 февруари Римокатоличката црква го слави Свети Валентин, кој бил погубен од императорот Клаудиј II, бидејќи Валентин се спротивставил на одлуката на императорот дека римските војници не можат да се венчаат за време на војна. Од затворот, пред да биде погубен, според легендата, Валентин и напишал писмо на ќерката на затворскиот управник, а писмото било напишано „од вашиот Валентин“ (на англиски: „from your Valentine“, па така настанало и името односно Денот на Свети Валентин, Денот на вљубените).
Во викторијанско време, се сметало дека давањето честитка за Денот на вљубените носи лоша среќа.
Според истражувањата, околу 3% од сопствениците на домашни миленици на овој ден ќе му дадат подарок на својот миленик.

Секоја година се разменуваат околу една милијарда честитки за Денот на вљубените, што е, по Божиќ, најголемата годишна размена на честитки во светот.
На денешен ден во САД се слави „Singles Awarenes Day“, односно Денот посветен на самците.
Во Финска, 14 февруари е посветен на Денот на пријателството.
Во англискиот јазик буквата „x“ со букви е симбол за бакнеж, а многумина веруваат дека овој обичај потекнува од средниот век.
Англискиот крал Хенри VII го прогласи 14 февруари за официјален празник.
Во текот на 1800-тите, лекарите советувале конзумирање на чоколадо како лек за скршено срце.
Ричард Кедбери, основачот на компанијата за какао и чоколада Кадбери, ја произведе првата кутија за слатки во 1800-тите.

Секоја година, само на овој ден се продаваат околу 35 милиони бонбониери во форма на срце.
На овој ден, само во САД се испраќаат 89 милиони рози.
Годишно на 14 февруари во просек се организираат околу 220.000 свршувачки.
На денот на вљубените, во италијанскиот град Верона, каде што живееле Ромео и Јулија, во наводната куќа на Јулија пристигнуваат околу илјада писма, која е и омилена туристичка дестинација.


