Спектакуларната втора концертна вечер која Драгана Мирковиќ ја направи во Белград, фолк ѕвездата ја „зачини“ со специјален гостин кој никој не го очекуваше. Имено, со Драгана на сцената се појави и Мира Шкориќ со која го обнови пријателството иако пред три децении имаа несогласувања, пишува Информер.рс.
Драгана со убави зборови ја најави Мира:
– Да се потсетиме на некои од нашите убави денови. Искрено би сакала да ја поздравите со прекрасен аплауз бидејќи таа вечерва е тука само за мене и само за вас, Мира Шкориќ – рече Драгана, а потоа на сцената излезе Шкориќ, во елегантна, црна комбинација.
Шкориќ во оваа прилика реши да го отпее дуетот кој го сними со Цеца пред 30 години, а кој до неодамна беше во ек на скандал бидејќи Ражнатовиќ песната ја препеа со Маја Беровиќ.
Сепак, Мира реши оваа песна да биде само нејзина:
– Само моја песна! Моја песна! Ајде раце горе – рече таа и го отпеа хитот „Не рачунај на мене“.


