Раководството на Баерн сака Зидан да го преземе тимот

Раководството на Баерн Минхен го посакува Зинедин Зидан како можен наследник на Томас Тухел, тврди Флоријан Плетенберг. Баварците решија да ја завршат сезоната со актуелниот тренер, но имаат и резервни планови доколку ситуацијата во клубот се влоши уште повеќе.

Еден од потенцијалните наследници на Тухел и поранешен тренер на Реал Мадрид. Неговото искуство е високо ценето на „Алијанц Арената“. Французинот моментално е без тим и би можел веднаш да ги преземе Баварците.

Баерн загуби три меча по ред и има осум бода заостаток од лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен. Покрај тоа, тимот загуби со 0:1 на гостувањето кај Лацио во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Договорот на Томас Тухел е до летото 2025 година. Во оваа фаза се чини малку веројатно дека ќе го исполни.

МИА

Најчитани вести