Џенифер Анистон се појави со голем дијамантски прстен на раката и ги поттикна гласините за свршувачка

Американската актерка Џенифер Анистон (55) ги поттикна гласините за потенцијлна свршувачка откако се појави на годинашното доделување на наградите САГ со огромен дијамантски прстен на левата рака. Патем, 55-годишната актерка беше номинирана за улогата во „Утринската емисија“ („The Morning Show“), но наградата ѝ припадна на Елизабет Дебицки од серијата „Круната“ („The Crown“).

Анистон, исто така, се качи на сцената со колегата Бредли Купер за да ѝ ја додели наградата за животно дело на Барбра Стрејсенд. Таа го привлече вниманието во тесен сребрен фустан со длабоко деколте и шлиц до бутовите.

Сепак, највпечатлив дел од нејзиниот изглед беше накитот, а прстенот што ѕвездата на „Пријатели“ („Friends“) го носеше на раката ги привлече сите погледи. Нејзиниот љубовен статус не ѝ е познат на јавноста, со оглед на тоа што во последните пет години не била романтично поврзана со никого.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести