Несекојдневен портрет направен од чорапи

Хонг Ји, млада малезиска уметничка која сака да прави слики на неконвенционални начини, овој пат создаде неверојатен портрет од 750 пара чорапи.

Откако „сликаше“ со кошаркарска топка и кафе, уметничката Хонг Ји направи портрет на кинескиот режисер Џанг Џиму од стотици пара чорапи закачени на стапчиња од бамбус.

“Кога се преселив во Шангај, наидов на еден стар премин и видов алишта закачени на бамбусови стапчиња за да се исушат. За мене тоа беше неверојатно убаво”, рече Ји. Како што вели, при изработката на портретот користела чорапи, бидејќи маичките биле преголеми и прескапи. Во овој нејзин уште еден неверојатен подвиг и помогнале и локалните жители.

Најчитани вести