Добила на лотарија откако нејзиното куче го гризнало добитното ливче

Сопственичка на златен ретривер од Кина, позната само како Лин, неодамна добила на лотарија откако нејзиниот миленик го гризнал добитното ливче, пренесува „Пипл“.

Лин пазарела кога миленикот ѝ избегал од поводникот и налетал на продавница која продава лотарија. Кучето каснало еден од лозовите, поради што Лин била принудена да го купи ливчето.

Кога дошла дома, ја дочекало изненадување – ретриверот гризнал добитен лоз, кој ѝ донел награда од 139 долари

„Ова беше вистинско изненадување за мене. Никогаш не сум освоила толку пари на лотарија“, изјави Лин во интервју за „ЕјжаУан“.

Следниот ден, сопственичката повторно го однела кучето во продавницата за избере нов лоз. Нејзиниот миленик повторно одбрал добитно ливче, но овој пат наградата била помала – четири долари.

Лин изјави дека добивките ќе ги потроши на храна и подароци за својот миленик.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести