Од 1-ви март пензиите ќе се покачат за 5%

Пензиите од 1-ви март ќе се зголемат за 5%. Така покажуваат бројките. Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Велковски вели дека „тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти се колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок“.

Во согласност со новата методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.

Освен линеарно зголемување, пензионерите бараат и корекција на минималната пензија на најмалку 18.000 денари. Тоа е безмалку идентично со актуелната просечна пензија во државата, која според последните податоди на Фондот за ПИОМ изнесува 19.106 денари. Од корисниците на пензија во државата, 28,56% земаат пензија до 13.300 денари, а над 22.000 денари земаат 27,61% од корисниците на пензија.

извор: lokalno.mk