Во Данска 90% од луѓето имаат велосипед

Голем број од жителите на Данска одат на работа со велосипед. Возењето велосипед го подобрува квалитетот на воздухот, Копенхаген ја постигнува својата цел да биде неутрален за CO2. Велосипедистите ги намалуваат емисиите на CO2 во просек за 20.000 тони годишно, а секој поминат километар со велосипед наместо со автомобил значи добиено по едно евро во смисла на здравствените придобивки. Исто така се олабавува и здравствениот систем, бидејќи има се помалку болни. Загадениот воздух е одговорен за многу болести, а научно е докажано дека возењето велосипед како умерена физичка активност неколку пати неделно може да спречи деменција и да го подобри менталното здравје.

Користењето велосипед придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, што автоматски значи помал стрес. Поради сето ова, Данска инвестира многу во велосипедски патеки. Истражувањата покажаа дека оваа активност го забавува стареењето, на пример некои редовни велосипедисти чии тела имаат исти параметри како и десет години помладите луѓе од нив.

Најчитани вести