Српската пејачка Јелена Карлеуша (45) синоќа беше дел од ревијата на швајцарската модна куќа „Ветемон“ во рамки на Модната недела во Париз.
Карлеуша претстави парчиња од нивната колекција есен/зима 2024 – сива маица и широки црвени панталони. Пејачката, која многумина ја сметаат и за модна икона, беше еден од главните модели на ревијата.

Дел од овој настан беа и партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, и познатата манекенка Вини Харлоу. По завршувањето на ревијата, тие две позираа заедно со Јелена Карлеуша.
Родригез, исто така, продефилира на ревијата во долг црвен фустан, на кој беше испишано името на Кристијано Роналдо и бројот на неговиот дрес – 7.

извор: slobodenpecat.mk


