ЈК покажа брутални парчиња накит за Денот на жената! Обложени со дијаманти и брилијанти

Музичката ѕвезда важи за најстилската јавна личност на овие простори, а освен за облека, голема сума пари троши и на скап накит.

Јелена Карлеуша се врати од Париз каде беше гостин на тамошната „Модна недела“. Музичката ѕвезда со невиден успех го осветли лицето на домашната естрада, а по враќањето во Белград им се врати на секојдневните обврски.

ЈК е активна на социјалните мрежи каде е најпопуларната женска јавна личност на Балканот, а денеска на Денот на жената објави фотографија од нејзините раце.

На објавата, освен негуваната женска рака, секако се забележува и накитот, а вкупната цена на ова парче е речиси 17.000 евра.

Имено, Карлеуша понесе „картије“ конче чија цена варира до 600 евра и нараквица со потпис на истата златарница, но од колекцијата „љубав“ за која платила дури осум илјади евра. .

Но, тука не е крајот, покрај тоа русокосата пејачка се „закити“ со парчиња од брендот „van cliff and arpel“ кои ја чинеле, исто така осум илјади евра, пишува српски Информер.

Најчитани вести