Малкумина знаат дека популарниот српски пејач со години живее во колиба во Германија и се занимава со земјоделство

Фолк пејачот Дејан Ќирковиќ, попознат како Чира, се прослави со песната „Феноменално“, а потоа се повлече од јавната сцена.

Чира целосно го промени својот живот во Германија. Тој веќе 25 години живее во колиба над Штутгарт, се посвети на земјоделството и одгледување лук, за што и самиот зборуваше.

– Овде сум од март минатата година, сега ќе биде точно една година од кога сум во колибата – изјавил Чира за „Гранд“ пред извесно време. Тврди дека својот мир го нашол во колибата и дека вишокот слободно време го користи за да засади зеленчук за свои потреби. Засега има само лук, а плановите му биле да засади и друг зеленчук.

– Засега имам само лук, но напролет ќе има и друг зеленчук. Во секој случај да се најде. Немам место да ја снабдувам Германија со лук – се пошегува Чира во една прилика.

Да потсетиме, за Чира се вели дека е една од најдуховитите пејачи на поп српската естрада. Во една прилика откри дека многу тешки животни ситуации пребродил благодарение на долгогодишните пријатели од Србија, а најмногу му помогнал Саша Поповиќ.

Имено, поради многубројните телевизиски гостувања Чира од Штутгарт доаѓа во Белград, а одвреме-навреме се случува да заборави да понесе свеченагардероба, па е принуден да бара нешто во плакарот на Поповиќ. Сепак, како што вели, тоа повеќе не му одговара.

– Многу ослабе, па ја скрати целата гардероба овде, па скрати таму и веќе не ми одговара. Но, не е важно, ако чевлите се помал број, малку ќе ги свиткам прстите и за едно снимање не е проблем – се пошегува Чира и рече дека Саша му доаѓа како главен стилист кај кого престојува кога доаѓа во Србија, пишува српски Блиц.

Најчитани вести