Огњен Амиџиќ пристигна по својот син, едвај чека да го земе во прегратка

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ добија син кој го нарекоа Перун.

Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а Огњен сега ги посети во приватната болница каде што се породила Мина. Амиџиќ набрзина влегол во породилиштето за што поскоро да ги види наследникот и неговата сопруга, притоа не тргајќи ја насмевката од лицето, пишува српски Блиц.

Инаку, тој проговори за новиот член во , но и за необичното име што го избрале за момчето.

– Пресреќен сум, што друго да кажам. Вчера го видов бебето, тоа е посебно чувство, нема ништо поубаво. Тоа е целта на живеењето, тој момент е неверојатен. Изненаден си, возбуден, тоа е толку малечко – изјави водителот за „Премиера.

Огњен откри и како го избрале името за бебето.

– Долго размислував за тоа име. Кога и го предложив на Мина, и се допадна. Сакав да пронајдам име кое е во нашата традиција, кое е специфично. Има добра симболика. Не сум слушнал некој по име Перун. Подоцна ме известија дека во семејството имаме и еден Перун, дека така се вика синот на сестра ми.

Најчитани вести