Тесен, кожен фустан и дијаманти околу врат! Прво појавување на Мелина Џиновиќ по веста за разводот

Модната креаторка Мелина Џиновиќ и пејачот Харис Џиновиќ ставија точка на својата дводецениска романса. По пропаѓањето на љубовта, Мелина се иселила од вилата во Сењак, а Харис останал со децата да живее во нивниот семеен дом, пишува српски Информер.

Откако се појавија информациите дека се развеле, Мелина до сега не се појави во јавноста и не се огласуваше за медиумите. Имено, креаторката за прв пат е видена на почетокот на работата на фондацијата „Ангелина“, основана на иницијатива на семејството на девојчето Ангелина Аќимовиќ, кое трагично загина во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Мелина на настанот се појавила во тесен, црн кожен фустан со голи рамена. Целиот изглед го надополнила со скапоцена дијамантска огрлица. Таа одбила да даде изјава за медиумите, но со задоволство позирала пред фоторепортерите. Споменатиот настан се одржа во Сава Центар, а за тоа придонесе и Мелина со еден од нејзините фустани.

Станува збор за еден од 16-те изложени и прикажани фустани креирани од најпознатите домашни модни дизајнери, а направени според скиците на Анџелина Аќимовиќ, како и два фустани на престижната француска модна куќа, специјално создадени за оваа прилика во знак на поддршка за семејството – „Диор“,која Анџелина најмногу ја сакала. Фондацијата ќе го негува споменот на сите жртви кои загинаа во тоа училиште, како и на жртвите од Дубона и Мало Орашје.

Најчитани вести